За краток период цената на кафето драстично порасно, правејќи го луксузно добро, неприфатливп за сите граѓани. Зголемување на цените на берзата на кафето на меѓународно ниво во период од 5ти август 2024 година – до 29ти април годинава има драстично зголемување за речиси 60 проценти покажуваат податоците на trading economics, пренесува Алсат.
Цените на кафето рушат рекорди поради лошите временски услови во регионите каде се одгледува кафе во Бразил. Според светските компании за производство на кафе, цената се очекува дополнитено да продолжи да расте. Но, според нив има само две работи што можат тоа да го спречат: Прво, Бразил и Виетнам да имаат добар принос и цените да не растат кога се зголемува побарувачката.
Граѓаните велат дека цената на кафето брзо и драстично се покачила, но додаваат колку и да се покачува цената на кафето нема да го остават и ќе продолжат да го пијат.
Според експертите цените на кафето се очекуваат да растат уште најмалку шест месеци.