Засега е неуспешна потрагата по 60-годишниот стружанец, кој во неделата на 20 октомври бил пријавен за исчезнат. Тогаш тој заминал да бере печурки кон селото Брчево, и му се губи секоја трага.
Во полциската станица го пријавил неговиот брат, кој не можел да воспостави контакт со него.
Местото каде што е исчезнат е планинско, со густа вегетација. Од планинската служба велат дека исчезнувањето на тоа место е честа појава.