strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година
ЕКОНОМИЈА

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година

Објавено July 4, 2025 14:08
strana.mk
Сподели
Сподели

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на оператор. Во системот Отворен Балкан досега се регистрирани 5077 македонски тагови и 8500 српски тагови. 

Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот, туку потребно е зборовите да ги преточиме во дела. Денеска говореа делата и покра

– ЈПДП  бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари или во споредба со истиот период во 2024 година е повеќе за 78.000.000денари. Што се однесува  до начинот на плаќање во сериозен раст е употребата на ЕНП електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините, изјави за МИА Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Наплатата е 99,6 проценти, што, потенцира Трајановски, значи се намалува и процентот на таканаречените „неплаќачи“.

Подостапни М ТАГ-ови за корисниците 

Собранието минатата недела изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа досега можеше да се прави само во просториите на ЈПДП. Целта е лесна достапност на уредите за  електронска напката со оглед на придобивките од наплаќање на патарините со  таг, што се покажа  како начин успешен начин на наплата  согласно Договорот Open Balkan.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните

Според Трајановски, искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.

Најавува дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), како  ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.

– Придобивки од сето ова би биле намалување на времето на чекање, односно забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците, односно граѓаните, вели Трајановски, 

Тој уверува дека наплатните капацитети се подготвени за летната сезона и се работи на олеснување на протокот на сообраќајот. 

 – Да, наплатните капацитети се подготвени, согласно со динамиката на зголемување на собраќајот по автопатиштата, така и ние се адаптираме на условите. Сообраќајот како  жива материја е секогаш со осцилации, но во постојан пораст. Поради тоа се ангажирани повеќе капацитети за да се справиме со потенцијалните гужви и да го олесниме нормално движење долж коридорите, вели Трајановски. 

Заедничкиот интегриран електронски систем за патарини во рамки на иницијатвата „Отворен Балкан“ истакнува дела покажува  добри резултати. Регистрирани се 5077 македонски тагови во системот Отворен Балкан,  како и 8500 српски тагови.

– Секако дека логирањето на системот кое е обврска на корисникот на микробрановиот транспордер (ТАГ) е со одредена процедура, но ги покажува вистинските придобивки и резултати, велат од ЈПДП.

Документација за електронска наплата и на Миладиновци

Од Јавното претпријатие за државни патишта споделуваат и дека е во тек подготовка за изработка на проектна документација за затворен систем за електронска наплата на патарина на Коридор 8. 

Во однос на модернизирањето на наплатните станици и на процесот на наплата на Коридорот 8 веќе се изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата. 

Електронски систем за наплата на патарините во државава е воведен од јули 2019 година на наплатните станици Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец. На Коридорот 8 наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април минатата година, а  Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна.

Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарините во земјите на „Отворен Балкан“ е во тек, а овие ТАГ уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Северна Македон

Со недоамнешните измени на Законот за јавни патишта се воведе и можност за дигитално евидентирање на јавните патишта. Тоа, според образложението од Министерството за транспорт, е од особена важност во однос на евиденцијата и сега се воведува како параметар неопходен за подобро функционирање на системот за управување со патни средства на јавните патишта. Конкретно се предвидува обврска за дигитално евидентирање на јавните патишта кои се во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта- државните патишта, како и во надлежност на општините и Градот Скопје-општинските патишта, со соодветен референтен систем и стационажа како и доставување на евиденцијата на општинските патишта до ЈПДП. Се уредува и рокот во кој би се воспоставил Единствениот систем за управување со патни средства на јавни патишта кој се однесува на општиниските патишта, како и во кој рок општините и градот Скопје треба да отпочнат со водење на евиденција во овој систем, за јавните патишта кои се во нивна надлежност. Со законските измени се проширува на кои се места односно јавни патишта може да се постават применуваат мерки за забавување на сообраќајот во согласност со прописите за безбедност во сообраќајот, имајќи ги во предвид случувањата од последните неколку години за начините на управување со моторни возила во населени места и често неприлагодување на брзините на патот што придонесуваат до зачестени сообраќајни несреќи кои за жал завршуваат и со многу лош исход.

TAGGED:јпдппатарина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот
Следна статија Десковски: Ако на поранешниот шеф на дипломатијата не му било јасно што потпишува тогаш е комплетен идиот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна…

July 4, 2025

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави…

July 4, 2025

Големи апсења во Куманово и Скопје

Полициски службеници од Бирото за јавна…

July 4, 2025

Света Гора ќе се реновира со пари од грчката влада

Финансиска поддршка за манастирите на Света…

July 4, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Работен состанок со претставници на Централната банка на Италија за размена на искуства против фалсификувањето пари

Во Народната банка се одржа работна средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, нејзиниот тим и италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кампања на владата – купувај домашни земјоделски производи

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен…

January 11, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

ВЛАДА: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата…

December 8, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?