strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
ЕКОНОМИЈА

Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот

Објавено October 26, 2024 09:42
strana.mk
Сподели
Сподели

Со новиот зимски ред на летање, што стапува во сила на полноќ, од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 37 редовни дестинации и до седум дестинации со чартер летови, или вкупно 44 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје. Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, пак, три авиокомпании ќе летаат до четири дестинации.

Од аеродромскиот оператор ТАВ Македонија за МИА информираат дека согласно најавите и информациите добиени од авиокомпаниите, од Меѓународниот аеродром Скопје ќе сообраќаат: Aegean Airlines, Air Serbia, Ajet, Austrian Airlines, Chair Airlines AG, Croatia Airlines, Edelweiss, Lot Polish Airlines, Lufthansa, Pegasus Airlines, SunExpress, Turkish Airlines и Wizz Air. Тие ќе летаат до дестинациите: Анталија, Атина, Базел Милуз, Белград, Берлин, Болоња, Братислава, Бремен, Брисел Шарлероа, Будимпешта, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Измир, Карлсруе, Ларнака, Љубљана, Лондон Лутон, Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Фиумичино, Салцбург, Сараево, Венеција Тревизо, Виена, Загреб, Цирих, Варшава. Четиринаесеттата авиокомпанија е Freebird, која што ќе сообраќа на чартер летови до/од скопскиот аеродром до/од Хамбург/Хановер, Минхен/Штутгарт, Берлин/Лајпциг, Манчестер/Лондон, Париз, Лион/Марсеј, Диселдорф/Франкфурт. Дополнително, на овие пет дестинации летаат повеќе од една авиокомпанија: Анталија (Pegasus и Sunexpress), Франкфурт (Lufthansa до аеродромот Франкфурт и Wizz Air до аеродромот Хан), Истанбул (Turkish Airlines до аеродромот iGA; Pegasus и AJet до аеродромот Сабиха Гокчен), Измир (Pegasus и Sunexpress) и Цирих (Edelweiss и Chair Airlines).

Од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Wizz Air, Chair Airlines и Edelweiss ќе летаат до Виена, Меминген, Дортмунд и Цирих, соодветно.

Зимскиот ред на летање за Охридскиот аеродром е идентичен со ланскиот зимски распоред на летови, 2023/2024 година. За скопскиот аеродром минатата година зимската сезона имаше 13 авиокомпании кои летаа до 42 дестинации, сега има 14 авиокомпании кои оперираат до 44 дестинации вклучувајќи ги и чартер летовите.

Обновени летови до Дубаи и Барселона

Со последниот повик за субвенционирање на авиолинии следната година од македонските аеродроми ќе може да се патува до Дубаи и Барселона, дстинации кои се обновуваат, како и до Лион, Штутгард, Базел и Истанбул.

Од Скопскиот аеродром од 30 март двапати неделно ќе има летови Скопје-Дубаи-Скопје, исто како и Скопје-Барселона-Скопје од 30 јуни, од кој датум три пати неделно ќе се лета на релацијата Скопје-Лион-Скопје и Скопје-Штутгард-Скопје.

На Охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид која ќе се опслужува два пати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид (од 30 март) на која ќе се лета четири пати неделно.

„Виз Еир“ ќе ги опслужува летовите за Штутгард, Базел, Барселона и Лион, Флај Дубаи за Дубаи, а „Туркиш Ерлајнс“ за Истанбул. Тие ќе добиваат субвенции од 12 евра по патник на доаѓање на Охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром.

– Овие шест дестинации се прекрасна вест за македонските граѓани. Директно поврзување со Дубаи, Барселона Штутгард, Лион, Базел и Истанбул се прекрасна вест која ќе донесе бројни нови туристи и полесно патување за македонските граѓани, рече вчера на прес-конференција министерот за транспорт и врски Александар Николоски, објавувајќи го исходот од повикот.

Со новите шест линии се очекуваат дополнители 200 000 патници низ македонските аеродорми.

Позитивни ефекти од субвенциите од повикот очекува и аеродромскиот оператор, со зголемување на бројот на нови дестинации.

– За аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, како подружница на ТАВ Аеродроми, моделот за субвенционирање летови на нови авиокомпании до нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром е целосно прифатлив и според проценките овие субвенции би биле одлична можност и би имале голем ефект врз зголемувањето на бројот на нови дестинации, привлекувањето нови авиолинии да оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром и следствено на зголемување на бројот на патници на аеродромите и туристите во земјава, изјавија за МИА од подружницата на ТАВ Аеродроми во државава.

Како што соопшти Николоски, Министерството за транспорт и врски е во процес на подготовка на втор повик кој треба да се објави кон крајот на ноември и да донесе нови дестинации.

Со последниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Аеродормот Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година се предвидени средства во износ од 360 милиони денари. Првпат субвенции се доделуваат по дестинација, а не како претходно на авиокомпанија. Со промените во доделувањето субвенции, како што оцени при објавата на повикот министерот Николоски, се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија.

Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државава се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“. Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“ за нова авиолинија од Скопје до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана.

Од ТАВ Македонија очекуваат позитивниот тренд во побарувачката на авиосообраќај да продолжи на светско ниво, па следствено на тоа, силна побарувачка и за летовите од Скопскиот и Охридскиот аеродром.

-Ако сѐ уште ја земаме предвид Ковид-пандемијата и огромното влијание што го имаше врз воздухопловството воопшто, посочуваат, може да се забележи дека најголемиот дел од европскиот воздушен сообраќај е повторно на вистинскиот пат и го надминува обемот на авиосообраќај од 2019 година. Скопскиот и охридскиот аеродром, на пример, го надминаа бројот на патници од 2019 година во 2023 година за 33 проценти, а македонските аеродроми ги надминаа прогнозите на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) за патничкиот сообраќај на европските аеродроми за 2023 година за речиси 23 проценти во однос на 2019 година. Иако патничкиот авиосообраќај се разликува од земја до земја, од регион до регион, прогнозите беа дека оваа година воздушниот сообраќај на европско ниво ќе ги надмине нивоата од 2019 година за +3,2 проценти, велат од аеродормскиот оператор.

Според статистиката и податоците за периодот јануари – септември годинава вкупниот број на патници на двата аеродроми во државава е 2 434 437, кои патувале на вкупно 19.590 летови. Овие бројки претставуваат раст од три проценти и 11 проценти, соодветно, споредено со истиот период минатата 2023 година.

ACI предвиде зголемување од +1,4 проценти на патничкиот сообраќај на европските аеродроми за 2024 година.

ТАВ Македонија, во однос на авионскиот карго транспорт преку Карго центарот на Меѓународниот Аеродром Скопје, го заврши периодот јануари – септември годинава со вкупно 3.336.099 тони превезен авионски карго товар, што споредено со бројките од 2023 година за истиот период, претставува 34,3 проценти пораст, односно 11,4 проценти пораст на увозно и 75,5 проценти пораст на извозно карго.

– Ние сме многу среќни за овој пораст и ќе продолжиме да ги негуваме односите со нашите партнери на ова поле, како и да ги одржуваме високиот квалитет и ефикасноста на услугите од нашиот Карго центар за да може да одговориме на зголемената побарувачка за авионски карго транспорт, велат од ТАВ Македонија.

Во септември годинава ТАВ Аеродроми најави дека подготвува мастер-план за развој на двата македонски аеродроми. Според најавите, до крајот на годинава, концесионерот ТАВ Македонија, како подружница на ТАВ Аеродроми, да ѝ го презентира планот на македонската Влада.

TAGGED:АвиолинииСкопски аеродромТАВ
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ВИДЕО: Еве како Македонците во Пиринска Македонија преку ноќ станаа Бугари!
Следна статија Nvidia го престигна Apple и стана највредната компанија во светот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски верува дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува странските директни инвестиции до крајот на годинава да надминат вредност поголема од една милијарда евра, со…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување

Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало – јавно објавување на цените на производите…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со…

June 19, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?