Супермен челинџ“ е „играта“ поради која вчера средношколец во средното училиште „Михајло Пупин“ заврши во болница. Предизвикот кој е популарен меѓу тинејџерите и адолесцентите на „ТикТок“, група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот на исправени на нозе.
Во „играта“, вчера ученик во втора година во ова училиште, утрово на големиот одмор паднал и се онесвестил, по што завршил на снимање во Градската општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Како што дознава Мета, останатите ученици, по настанот се вознемириле, а надлежните во училиштето ги смирувале и разговарале со нив со цел да превенираат вакви ситуации во иднина.
„Точно е дека тоа се случи, но детето е добро. Моите колеги направија записник, разговараа со учениците и ситуацијата е под контрола“, кусо изјави директорот Димитар Ѓорѓиев за Мета.
Она што може да се види од видеата на ТикТок, се случува децата намерно да не го прифатат ученикот кој скока врз нивните раце, за да падне, да тресне на подот и да се повреди, па токму поради тоа и завршуваат со фрактури.