Хрватскиот парламент вчера го усвои новиот Закон за пензиско осигурување, кој најавува неколку големи промени во системот.
Според медиумите во Хрватска, целта е да се зголеми просечната пензија до крајот на мандатот од сегашните 645 на 800 евра. Исто така, се воведува исплата на постојан годишен додаток на пензија, кој колоквијално се нарекува 13-та пензија.
Овој надоместок е поврзан со годините на стаж, а износот што владата ќе го утврди во октомври ќе се помножи со годините на пензиски стаж, пишува Index.hr.
Дополнително, на мајките им се доделуваат 12 месеци стаж за секое родено или посвоено дете, наместо претходните шест. „Од 1 јануари 2026 година, казната за предвремено пензионирање по наполнување на 70 години ќе биде укината, што ќе ги зголеми пензиите за корисниците за просечно 60 евра“, се наведува.
На оние лица кои имаат инвалидски пензии ќе им биде дозволено да работат до три и пол часа на ден, со што ќе бидат изедначени со ветераните.