strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар
МАКЕДОНИЈА

Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар

Објавено June 22, 2025 20:25
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за здравство обезбедило 300 паркинг места во комплексот Лимак за вработените во Клиничкиот центар. Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција изјави дека на овој начин се одговара на еден од најгорливите проблеми и секојдневниот хаос со паркирањето во овој најголем здравствен комплекс во државата.

Во услови кога над 6.000 луѓе секој ден минуваат низ комплексот Мајка Тереза во Скопје, а повеќе од 2.500 се вработени, прашањето на паркирањето не може да биде оставено на импровизации. Министерството за здравство потпиша Меморандум за соработка со компанијата Лимак со што се обезбедува паркинг простор за 300 возила наменет за вработените во здравствените установи во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје кои ќе имаат пристап од 24 часа, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

Од 1 јули овој паркинг простор ќе биде ставен во функција и достапен 24 часа и се наоѓа на приближно пет минути пешачење од која било клиника. Во Лимак ќе има табли и ќе се знае кои катови ќе бидат наменети за Министерството за здравство.

Со пренасочување на возилата на вработените надвор од срцето на кампусот го ослободуваме најблискиот простор за пациентите. Граѓаните нема да мораат да решаваат сообраќајни проблеми и да губат нерви за наоѓање паркинг, рече министерот.

Како што кажа, вработените ќе бидат информирани за можноста за паркирање.

Алиу рече дека започнува и системско решавање на проблемот, дека ќе се мапира целиот простор и кога има најмногу потреба за паркинг.

Во моментов, според министерот има мапирано 700 места за паркирање а дневно има 2.500 возила.

Информира дека во тек е поставување на информативни дигитални табли на влезовите во Клиничкиот центар како и на клучните точки во комплексот преку кои граѓаните полесно ќе ги наоѓаат клиниките и здравствените институции каде што треба да одат. Алиу најави и апликација која што ќе насочува кон потребната точка. Ќе се разгледува можноста таа да се направи бесплатно.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со ѕидот што се урна кај Детската клиника, Алиу рече дека процедурата е веќе почната, како и дека ќе има повлекување од еден метар и половина за да може патот над Клиниката да биде проширен.

Во однос на проблемот со клиничката Перална, кажа дека во моментов се анализира состојбата и дека за кратко време ќе се изнајде решение.

Знаете дека институцијата е подолг период во финансиска криза, но исто така мора да најдеме начин и процеси за да се исплатат бараните сервиси кои таа институција ги нуди. Малку е покомплексен проблемот. Заедно со Владата, директорот на институцијата и со мене како министер за здравство ценам дека брзо ќе најеме решение како институцијата да се ослободи од таков тип на финансиски притисоци, рече Алиу.

Наредната недела тој има состанок и со претставниците на компанијата која стопанисува со Клиничката перална.

Министерот за здравство на прес-конференцијата соопшти дека мора да се направи нова методологија и анализа за потребите на здравството и на пациентите врз основа на понови податоци поврзани со демографијата, нови болести, потреби на пациентите, на здравствените установи за вработени. Исто така тој смета дека има потреба од поголема транспаретност односно добивање информации во реално време преку веб страната на Министерството.

TAGGED:клиничкипаркинг
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: За една година покачивме пензии и плати, развојот е возможен и на дофат
Следна статија (Видео) Оклахома ја освои НБА лигата – Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 1857 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  во…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерката за правда на Косово барала од Македонија трансфер на терористите од Диво Насеље, меѓу кои е и нејзин зет

Министерка за правда на Косово, Албулена Хаџиу побарала префрлање на нејзиниот зет осуден во случајот Диво Насеље од затвор во…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава

Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување,…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер „Блек Хок“ доаѓа во Македонија за да гасне пожари

Чешка ќе испрати моќен хеликоптер Блек Хок на Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите. Информацијата ја објави директорот…

July 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?