13 отсто од вработените во Македонија, или околу 70.000 работници на 16 декември не ја земале ноемвриската плата, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Во однос на бруто – плата за месец ноември 2024 година, 70,650 работодавачи имале обврска да исплатат плати и социјални придонеси за 552,030 вработени лица. Значи 49,911 или 71% од работодавачите ја исполниле обврската и исплатиле бруто плати и социјални придонеси за 482,276 од вработените лица во законскиот рок до 16 декември.
Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз социјалната сигурност на работниците.“, велат од УЈП.
87% од вработените во државата социјалните придонеси се уплатени навремено. Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз социјалната сигурност на работниците, велат од УЈП.
Исто така, солидна е состојбата и во однос на ДДВ за ноември. Се посочува дека 98,7 отсто од регистрираните месечни ДДВ обврзници навремено ги поднеле даночните пријави. Конкретно, од 7.284 даночни обврзници, 4.025 пријавиле даночен долг за ДДВ и имале обврска да уплатат 3.399.369.827 денари или над 55 милиони евра. Поголемиот дел од сите нив – 2.811 (70%) го запазиле рокот за плаќање, а уплатата изнесува 2.652.711.966 денари (43,1 милион евра). Тоа претставува 78 проценти од вкупно пријавениот долг.