Со Горан Пандев и Агим Ибраими бевме дел од извлекувањето на распоредот на натпревари за новата сезона во #МФЛ.
Голема чест е кога со тебе се фудбалски имиња што ја пишувале историјата на нашиот фудбал. Им посакувам многу среќа и успех на сите клубови! Да имаме фер-игра, полни трибини и вистински фудбалски предизвици оваа сезона, напиша на Фејсбук претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.