Осум земји-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) се согласија да го зголемат производството на нафта на 548.000 барели дневно во август, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори.
Ова значи зголемување на производството од 411.000 барели дневно, кое беше произведено во мај, јуни и јули, соопштија информирани извори, додека состанокот на групата ОПЕК+ беше во тек.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) е основана во 1960 година во Багдад и првично имала пет членки – Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија и Венецуела, а моментално има 12 членки кои, според извештајот од 2022 година, сочинуваат 38 проценти од глобалното производство на нафта.