Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија се обидува да ја собори неговата влада и да воспостави марионетски режим во таа централноевропска земја.
Тој го кажа ова во говорот во Будимпешта, по повод националниот празник во чест на вооружениот бунт против советската репресија во 1956 година, кој започна во главниот град и се прошири низ целата земја пред да биде уништен од Црвената армија, пренесува АП.
„Независната унгарска политика е неприфатлива за Брисел. Затоа во Брисел најавија дека ќе се ослободат од унгарската национална влада. Тие, исто така, најавија дека сакаат да стават бриселска марионета на чело на оваа земја“, им рече тој на толпата.