strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Орбан: Миграцијата е смислена од левицата за промена на гласачкото тело во европските земји
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Орбан: Миграцијата е смислена од левицата за промена на гласачкото тело во европските земји
СВЕТ

Орбан: Миграцијата е смислена од левицата за промена на гласачкото тело во европските земји

Објавено June 17, 2025 15:14
strana.mk
Сподели
Сподели

Поради стапката на криминал што расте, терористичките напади што се случуваат, вознемиреноста на општеството против сето ова расте, луѓето се чувствуваат сè повеќе туѓинци во сопствената земја, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан, учествувајќи во поткастот на Ноуфал.

Орбан на деветти јуни беше гостин на Марио Ноуфал, водител на најголемата емисија на Х (порано Твитер), која има милиони гледачи неделно, лидер на движењето за граѓанско новинарство и основач и извршен директор на ИБЦ гроуп – најголемиот инкубатор во крипто и вештачка интелигенција и е еден од водечките гласови во индустријата.

Премиерот на Унгарија при ова гостување особено се осврна на проблемите со миграцијата во европските земји, истакнувајќи дека никој нема да влезе во неговата земја без дозвола, без разлика на казните од ЕУ, затоа што тоа е кривично дело, а штетата од неконтролираното доселување на мигранти е долгорочна.

„Проблемот е што миграцијата е концепт на промена на општеството како такво. Да, тоа е еден вид замена на оригиналните гласачи со некои други и ова е, без да бидете вклучени во некаква теорија на заговор, детален план на левицата. Во последните 150 години од европската политика, вклучувајќи ја и Велика Британија, станува збор за натпревар на две страни, две групи: едната е таа што мисли дека ние треба да останеме во традиционалната рамка и систем на вредности на Европа, како што беше нацијата, слободата, христијанството, програмата за економија и другата – левицата, која сака да ја промени таа рамка, да ја ‘пречекори’ нацијата, семејството, христијанството… Сите ние би сакале да создадеме ново општество, да, но сега кога ги добиваме новите дојденци, кои воопшто не се христијани, тие се во основа муслимани, па левицата знае дека тие луѓе не гласаат за десницата, за христијаните никогаш, па тоа значи дека наместо да се продолжи со досегашниот вид конкуренција, што во основа не беше лошо за Европа, десницата и левицата и така натаму, сега тие вклучуваат нови гласачи, што целосно ја менува таа структура“, вели Орбан.

Мигрантите т.е. новите државјани на Европа, според Орбан, не се закана само за десницата, туку веќе стануваат политички фактор дури и за левицата.

„Меѓутоа, миграцијата не е само проблем на правниот систем, демографијата или вработувањето, туку на основната структура на егзистирањето: поради стапката на криминал што расте, терористичките напади што се случуваат, вознемиреноста на општеството против сето ова расте, луѓето се чувствуваат сè повеќе туѓинци во сопствената земја“, додава тој.

Исклучувајќи ја Велика Британија, за која вели дека поради нејзината империјална историја е во покомплицирана ситуација, унгарскиот премиер беше дециден во оваа прилика дека „мигрантската игра е завршена на континентот и нема враќање назад“.

„Мигрантите ги окупираат во основа урбаните области, големите градови, тоа е прво. Второ, духовно, тие се посилни од урбаните првични домашни жители и староседелци, а затоа што веруваат во Бог, веруваат во семејството, му припаѓаат, веруваат во сопствената заедница. Погледнете го примерот со Ердоган, кој беше поддржан од поголем процент во Германија на референдумот за уставот отколку во Турција. Затоа и сум среќен што Унгарија има нула мигранти, немаме нелегални доселеници, немаме миграција воопшто. Ја запревме“, истакна Орбан.

Тој потврди и дека главните западни конзервативни партии стануваат сè понервозни по ова прашање и бараат сè повеќе радикална промена на политиката на Брисел и дека ги охрабрува да не ја следат про-миграциската политика на ЕУ комисијата.

„Мојот предлог до сите е бунт, бунт, бунт“, нагласи унгарскиот премиер.

На прашањето, пак, како ќе се справи Европа со нискиот наталитет без мигрантите, тој одговора: „Тоа прашање е вистинска интелектуална стапица за мене и никој нема одговор на тоа, но јас барем се обидувам да најдам одговор, тоа е разликата. Другите не инвестираат енергија за да најдат одговор, тие едноставно прифаќаат: ‘во ред, единственото решение е да ги донесеме мигрантите’, тоа е она што го прават, но јас не го прифаќам и чувствувам дека не е добар концепт. Ние воведовме ‘семејна политика’ пред 10 години, помина доста добро, но избувна Ковид кризата, што нè врати назад. Сепак, во подобра состојба сме отколку пред неа. ‘Семејната политика’ вклучува триесеттина инструменти, а еден од нив е, на пример, доживотното ослободување од данок на доход за мајките кои имаат најмалку две деца, без разлика колку години имаат децата… Така што, може да се најде начин, наместо да се трошат пари на мигранти, да се поддржуваат домицилните заедници“, истакна унгарскиот премиер.

На поткастот Орбан го искоментира и руско-украинскиот конфликт.

„Заблуда е да се мисли дека прекинот на огнот или мирот може да дојде како резултат на руско-украински преговори. Мирот и прекинот на огнот може да дојдат исклучиво само преку руско-американски преговори, без разлика дали ни се допаѓа тоа или не, дали Европејците се подготвени да прифатат или дали Украинците прифаќаат или не. И не само за војната и не само за териториите и граничните линии, туку и за трговијата, инвестициите во енергијата… Невозможно е ние, западњаците, да финансираме украинска армија од еден милион војници, како што е планот во овој момент. Мислам дека треба да инвестираме многу пари не во украинската армија, туку во европските капацитети, воената индустрија, одбранбената индустрија и армијата во Европа, бидејќи Европа е денес едноставно, премногу слаба“, додава Орбан.

На крајот на ова свое гостување тој одговараше и на прашањето кои други светски лидери/земји, освен американскиот претседател Доналд Трамп, според него се клучни?

„Индискиот премиер Нарендра Моди и Кина, затоа што кинескиот концепт за времето е различен, а во политиката има две работи што навистина се важни, првото е содржината, а потоа уште повеќе е времето. Јапонците се малку надвор од радарот во овој момент. Тука се и Русите, кои се рационални, а американско-руски договор може да им помогне на Русите да се вратат и повторно да станат сериозен играч во светската политика. Потребни ни се повеќе сериозни разумни актери во меѓународната политика засновани на здрав разум, бидејќи имаме се помалку и, за жал, ние Европејците сме надвор од тој круг се повеќе и повеќе. Во Европа конкурентноста се базираше на многу едноставна структура, евтини суровини и енергија од Русија, софистицираната технологија од Запад ги комбинираше двете и бевме конкурентни. Тоа е одличен модел, да, но овој модел сега е надвор поради санкциите, а каде е новиот?“, рече Орбан.

TAGGED:виктор орбангласачко телиевропски земјилевицамиграција
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец
Следна статија Во сеќавање на жртвите од Кочани: Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред малку…

November 21, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Каде е Ормускиот теснец од кој зависи испораката на нафта за половина свет

Иранската војска минатиот месец натоварила подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголемило загриженостите во Вашингтон дека…

July 2, 2025
СВЕТ

Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната…

June 26, 2025
СВЕТ

ШЕСТ МЕСЕЦИ ТРАМП: Што светот доби, а што изгуби?

Претседателот на САД, Доналд Трамп одбележа шест месеци од преземањето на функцијата, пренесуваат американските медиуми. Тој ги сумираше своите достигнувања…

July 21, 2025
СВЕТ

По газдата на Фејсбук, уште еден милијардер донираше пари за инаугурацијата на Трамп

Основачот на Амазон, Џеф Безос, планира да донира 1 милион долари за инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,…

December 13, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?