Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека постои поврзаност меѓу миграцијата и нападите како оној на божиќниот пазар во Германија, пренесува Anadolu.
„Поврзаноста меѓу миграцијата и овие терористички напади мора да се препознае. Во минатото такви напади не се случуваа, но сега се случуваат“, рече Орбан на годишната прес-конференција во Будимпешта. Сепак, унгарскиот премиер нагласи дека „треба да се почека неколку дена“ за да се дојде до заклучоци.
„Мора да се каже дека овие напади се случуваат само од мигрантската криза“, рече тој. Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во напад со автомобил на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, исто така, се осврна на односот на, како што рече, „либералната елита од Брисел“ кон Унгарија.
„Во Брисел има либерална елита и има опозиција, Унгарија е дел од таа опозиција и затоа ја казнуваат со милион евра дневно, затоа што ја штити Европа од она што се случи на пример во Магдебург“, нагласи тој.