Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука да го поминат 8 март – Меѓународниот ден на жената.
Туристите го искористија убавото сончево време за прошетки низ стариот дел на градот, кејот на Охридското Езеро и чаршијата, а не изостануваат ни традиционалните забави по охридските кафулиња, ресторани и хотели.
За Денот на жената во Охрид се нудат бројни екскурзии со посета на културно-историските споменици, со акцент на богатата понуда.
Туристичките работници покрај овој викенд голем наплив на гости очекуваат и за Велигденските празници.