Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум, кој секоја година ја собира светската деловна и политичка елита во швајцарското планинско село Давос, поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор на организацијата, објави Форумот во понеделникот, а пренесе Ројтерс.
Институцијата со седиште во Женева претходно овој месец објави дека Шваб, кој има 87 години, ќе се повлече од функцијата, но не ја прецизираше точната временска рамка за неговата оставка во тоа време.
„По мојата неодамнешна објава, и кога навлегувам во мојата 88-ма година, решив да се повлечам од функцијата претседател, како и да се повлечам од Одборот на директори, што ќе стапи на сила веднаш“, рече Шваб во изјавата објавена од Светскиот економски форум.