Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека осум лица загинале во несреќата предизвикана од уривањето на настрешницата на старата зграда на железничката станица во Нови Сад. Дачиќ рече дека две лица се во болница и дека едно од нив е во тешка состојба, со оглед на тоа дека на тоа лице му биле ампутирани двете нозе.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска прогласи Ден на жалост на територијата на тој град, по повод тешката несреќа предизвикана од уривањето на покривот на Железничката станица во Нови Сад.
Деновите на жалост ќе започнат на 2 ноември, соопшти градската управа.
Претходно, како што пренесоа медиумите во соседството, Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост во Србија, по повод смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на железничката станица во Нови Сад.