Хрватите бојкотираат продавници, трговски синџири, бензински пумпи. На овој начин испратија порака до трговците за револтот поради зголемувањето на цените. Интересно е што освен потрошувачите и синдикатите, бојкотот го поддржа и министерот за економија. Дали на ваков чекор би се решиле и нашите граѓани и синдикати останува да видиме. Хрватските медиуми алармираат дека ова е добар чекор да се свестат алчните трговци, слични како и во Македонија.
Ако го споредиме хрватскиот со нашиот стандард, секако дека нашиот народ уште вчера требаше да крене глас против трговците – велат од ССМ. Најавуваат дека во догледно време и тие ќе го изразат револтот. Но, за да има ефект, велат, треба да се заложат и Владата и опозицијата, но пред сè народот.
Инфлацијата во Македонија лани во однос на 2023 беше 3,5 насто повисока, кај храната и безалкохолните пијалаци за 2,9, но ако се види декември 2024 во однос на истиот месец 2023 храната беше поскапа за дури за 5,6 насто иако половина месец имаше таканаречена новогодишна кошница. Владата најавува, рамазанска и велигденска кошница.