strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници
СВЕТ

Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници

Објавено December 7, 2024 09:55
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Париз ќе се одржи церемонија по повод отворањето на катедралата Нотр Дам, со говор на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го одржа своето ветување дека изгорениот скапоцен камен на готската архитектурата ќе биде повторно отворен во 2024 година, но сјајот на таа инаугурација ќе остане во сенка на актуелната политичка криза во земјата.

Макрон денеска ќе одржи говор на плоштадот пред обновената катедрала по големиот пожар на 15 април 2019 година. Најавено е дека ќе се одржи прва миса отворена за пошироката јавност, јавија француските медиуми.

Своето присуство на церемонијата го потврди и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде негово прво патување откако во ноември победи на изборите во САД.

Претседателот на Франција на 29 ноември ја посети Нотр Дам заедно со камери кои го открија раскошот на обновената зграда.

Макрон се надева дека церемонијата на отворање на катедралата за него ќе биде голем дипломатски состанок со пристигнувањето на околу 40 шефови на држави и влади.

Точно на 15 април 2019 година, пожар ја опустоши катедралата, симбол на христијанството кој беше вклучен во светското наследство на Организацијата за образование, култура и наука на Обединетите нации (УНЕСКО). Дотогаш, катедралата добиваше 12 милиони посетители секоја година.

Беа потребни неколку месеци да се отстранат 40.000 јагленисани цевки што ја опкружуваа катедралата пред пожарот и да се демонтираат статуите поради реставрација.

Тој процес, прекинат за време на епидемијата на коронавирусот, се спроведуваше под висок степен на безбедност, беше завршен во летото 2021 година и чинеше 150 милиони евра.

Реконструкцијата почна во есента 2021 година на градилиштето на катедралата, каде беа поставени внатрешни и надворешни скелиња, како и бројни работилници на столари, стаклари и каменоресци.

За Французите, катедралата Нотр Дам не е само светски позната средновековна готска катедрала, туку срцето на Париз и градба овековечена од писателите и дел од историјата на нацијата.

Изградбата на катедралата била почната во 1163 година од страна на епископот Морис де Сали, а била завршена речиси два века подоцна во 1345 година.

Нотр Дам е тесно поврзан со историјата на Французите. Нејзините моќни ѕвона биеле на 24 август 1944 година за да го одбележат ослободувањето на земјата од нацистите, а 26 години подоцна тие заѕвонија на погребот на водачот на Отпорот, генералот Шарл де Гол.

Катедралата ја опеал поетот Жерар де Нервал, кој во 1832 година ѝ ја посветил песната „Богородичната црква во Париз“. Една година претходно, Виктор Иго го напиша романот „Богородичната црква во Париз“, за катедралата, ѕвонарот Квазимодо и ромската танчерка Есмералда.

TAGGED:нотр дампариз
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Последниот продолжен викенд за годинава, следната ќе ги има многу помалку
Следна статија Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за време на вашиот одмор, изберете проверени,…

August 3, 2025
Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025

Повредата на Меси не е сериозна

Прес-службата на Интер Мајами презентираше ажурирани…

August 4, 2025

Почина ТВ-ѕвезда од 1980-ите, Лони Андерсон

Американската ТВ-ѕвезда од 1980-ите, Лони Андерсон,…

August 4, 2025

Поразителни бројки: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

Само околу еден од шест Германци…

August 4, 2025

Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски…

August 4, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за разлика од официјален Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања,…

February 4, 2025
СВЕТ

Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција истражува безбедносeн инцидент

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека…

November 22, 2024
СВЕТ

Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и Тајланд, обете земји сакаат прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека разговарал со лидерите на Камбоџа и Тајланд и дека двете земји сакаат итен…

July 26, 2025
СВЕТ

Лидерот на ИСИС убиен во Ирак, Американците објавија видео

Американската војска во петокот соопшти дека го убила водачот на ултрарадикалната сунитска терористичката групација Исламска држава во воздушен напад во…

March 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?