Прелиминарните резултати покажаа дека партијата на косовскиот премиер Албин Курти победи на парламентарните избори на Косово, но без потребното мнозинството за самостојно управување со државата.
Изборите се одржаа бидејќи разговорите за нормализирање на врските со Србија остануваат во застој, а странското финансирање за една од најсиромашните земји во Европа е доведено во прашање.
Со преброени над 70 отсто од гласовите, левичарската Партија на движењето Самоопределување на Курти, освои 41,99 отсто поддршка.
Со ова се отвора можноста и другите тројца претенденти да се приклучат во редовите ако тој не успее да формира кабинет.
Во изјава за медиумите, Курти рече дека резултатот е „потврда на доброто владеење, прогресивно и демократско лидерство“.
Втора по бројот на гласови е Демократската партија на Косово со 22,68 отсто поддршка на гласачите, а на третото место со 17,9 отсто поддршка е Демократската лига на Косово, најстарата партија во земјата која изгуби голем дел од поддршката по смртта на нејзиниот лидер Ибрахим Ругова во 2006 година.
Трет претендент е Алијансата за иднината на Косово на поранешниот премиер Рамуш Харадинај со 7,56%.
Во предизборието партиите дадоа големи ветувања за зголемување на платите и пензиите на државата, подобрување на образованието и здравствените услуги и борба против сиромаштијата. Но, не објаснија од каде ќе дојдат парите, ниту како ќе привлечат повеќе странски инвестиции.
Србите во Северна Митровица ја слават победата на партијата на србите
А луѓето во северно Косово ја прославија победата на водечката партија на етничките Срби на парламентарните избори во земјата.
Партијата Српска листа има силна поддршка меѓу етничките српски заедници на северот од земјата, бидејќи разговорите за нормализирање на врските со Србија остануваат во застој.
За време на последниот мандат на Курти во прашање е стравено и странското финансирање за земјата која е една од најсиромашните во Европа.
Косово беше српска покраина сè додека 78-дневното бомбардирање на НАТО во 1999 година кое стави крај на војната меѓу српските владини сили и етничките албански сепаратисти во Косово. Земјата прогласи независност во 2008 година, што Србија не ја признава.
ЦИК на Косово: Поради технички проблеми, продолжуваме со рачно пребројување на гласовите
Податоците за изборите во Косово ќе се допребројуваат рачно бидејќи не функционира платформата за обработка и презентирање на податоците објави ноќеска претседателот на Централната изборна комисија Крешник Радоњиќи.
Поради тоа, прелиминарните резултати од изборите за собранието во Приштина ќе бидат објавени во текот на денешниот ден наместо утрово.
Тој на синоќешна прес-конференција рече дека платформата не работи поради технички проблеми.
„Не знаеме што се случило, ниту компанијата што го одржува, ниту експертите. Системот е блокиран во некои податоци“, рече Радоњиќи, убедувајќи притоа дека гласовите се „безбедни“.
Специјалното обвинителство нареди истрага за проблемите и можно мешање во работата на веб-страницата на Централната изборна комисија, јавија косовски медиуми.
Извори од истрагата за дел од медиумите во Пришптина изјавија дека е откриен напад чија цел е да се предизвика забуна и да се манипулира со резултатите.