strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари
ЗДРАВЈЕ

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари

Објавено January 30, 2025 13:45
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени работници. Тој беше прашан во врска со апсењето на лекар во Битола и како на социјалните мрежи се споделува дека се злоупотребува дополнителната дејност, пред сѐ во хируршките гранки, каде дури и тешко болни од рак не се оперираат во редовен термин, туку „се нуди опција доколку сакаат побргу да бидат оперирани, да дојдат за два-три дена попладне, со тоа што, приватно ќе си платат“.

Министерот ги повика граѓаните да пријавуваат такви случаи во Министерството за здравство, во полиција и кај директорите на клиниките.

  • Секојдневно сме во комуникација со повеќето директори. Каде било да пријават, тука сме да ги слушниме и да провериме дали е вистина тоа што го кажуваат, одговори министерот на новинарско прашање пред почетокот на првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор.

Министерот рече дека добивале информации и пријави во Министерството, по што тие ги информирале директорите.

  • Добиваме информации и пријави во Министерството за здравство, ги информираме директорите и веќе има една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби за време на редовно работно време да се работат пациенти коишто треба дополнително да се работат. Ние го даваме нашиот максимум – вработувања, колективен договор, покачување на плати и бараме и од медицинскиот пероснал, медицинските екипи да бидат коректни и да ја вршат својата должност, така како што треба. За Битола имам точни информации, директорката пред неколку дена беше известена од моја страна за одредени жалби за еден доктор. Сега не би сакал да спомнуваме имиња тука. Меѓутоа, вакви акции секако дека ќе продолжат, нагласи Таравари.

Постои пресумпција на невиност, одговори тој на прашање дали ваквите лекари треба да бидат јавно објавени со име и презиме.

Министерот потврди дека имало акција и на хируршките клиники во Скопје. Тогаш, како што рече, не било констатирано нешто.

  • Не беше констатирано нешто, значи беше редовна операција. Некогаш има пријави и случувања што не држат. Така да, треба затоа да бидеме внимателни – каде што ќе констатираме дека ќе има злоупотреби, таму треба да се преземаат чекори, додаде Таравари.

Тој беше прашан и дали треба да му се одземе лиценцата на тој доктор кој извршил злоупотреба, на што, министерот рече дека секако, но, прашањето треба да му се постави на претседателот на Лекарската комора.

Според Таравари, треба да се биде „коректен“ и да се каже оти „времето на чекање и за испитување и за прегледи во Македонија е најмал во целиот регион, да не речам, можеби и најмал во цела Европа“.

  • Откако сме дојдени, вршиме редовен притисок врз сите болници и клиники да даваат повеќе термини. Бројот на термини е двапати зголемен сигурно, овие седум – осум месеци, меѓутоа, сепак, не е доволен, смета министерот за здравство.

Полицијата во вторникот приведе 64-годишен лекар и раководител на Хируршко одделение во ЈЗУ Клиничка болница – Битола, осомничен за примање поткуп. Основното јавно обвинителство во Битола предложи мерка притвор

TAGGED:арбен тараварилекатЛиценцамитопациентпријавување
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на потрошувачите корисници на банкарските услуги
Следна статија Притвор од 8 дена за хирургот од Битола осомничен за поткуп

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овомзожени на товор на Фондот за здравствено осигурување…

July 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО

Два лека од оние што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје, се очекуваат да пристигнат…

January 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира деја минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини…

March 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонски кардиохирурзи дел од историски подвиг во трасплантација на срце во Швајцарија

Тим за трансплантација во кој учествуваше кардиохирургот од Прилеп, Петар Ристески, доктор во Универзитетската клиника во Цирих, Швајцарија, со која…

March 12, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?