РК Еурофарм Пелистер претстојната сезона ќе игра во ракометната Лига на Шампиони.
Екипата на Пелистер доби вајлд карта за учество во лигата.
ЕХФ ги обајви имињата на сите учесници во следната сезона во Лигата на шампиони. На овој список се најде и актуелниот македонски првак, Пелистер. Битолчани трета година по ред ќе бидат дел од елитата.
За македонскиот клубски ракомет ова значи дека Вардар 1961 ќе игра директно во групната фаза во Европската лига, за каде место бара и Алкалоид како првак во ЕХФ Европскиот Куп.
Четвртиот тим кој избори место во Европа, ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот Куп ќе стартува од второто коло и ќе биде во првиот шешир.