Американското Министерство за одбрана почнува да го користи Грок (Grok), чет-ботот за вештачка интелигенција развиен од компанијата xAI, на Илон Маск.
Во објава на социјалната мрежа X на Маск, xAI го претстави Грок за владата (Grok for Government), пакет производи што ги прави своите најнапредни модели на вештачка интелигенција достапни за американската Влада.
Овој потег претставува значаен чекор напред за амбициите на Маск во областа на вештачката интелигенција. Јужноафриканскиот технолошки милијардер ја позиционираше својата програма како директен конкурент на OpenAI, компанијата која, исто така, склучи договори во областа на одбраната и технологијата.
Договорот, чиј максимален износ е 200 милиони долари, вклучува развој на нови проекти како што се прилагодени модели за потребите на националната безбедност и основните научни истражувања, како и апликации за вештачка интелигенција кои треба да ја забрзаат примената на вештачката интелигенција во здравството, науката и одбраната.
Но, Грок, исто така, предизвика контроверзии во последните денови. Минатата недела, тој објави антисемитски коментари, по што Маск најави промени во системот. Накратко, Грок на Маск се нарече себеси MeckaHitler и пишуваше против Евреите.
Компанијата X објави дека навредливите објави се отстранети и дека проблемот не е поврзан со основниот јазичен модел што го поддржува Грок.
Овој договор доаѓа во време кога конфликтот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск се интензивираше. За време на кампањата во 2024 година, Маск инвестираше речиси 300 милиони долари за да му помогне на Трамп и другите републикански кандидати, но по изборите, тој јавно го критикуваше претседателот за неговиот голем буџет и растечкиот јавен долг.
Маск, исто така, ги обвини Трамп и Министерството за правда за криење клучни информации поврзани со Џефри Епштајн, финансиерот кој почина во затвор по обвиненија за трговија со луѓе. Откако Маск објави дека ја основал својата политичка партија, Трамп изјави дека „излета од колосекот“.
Announcing Grok for Government – a suite of products that make our frontier models available to United States Government customers
We are especially excited about two new partnerships for our US Government partners
1) a new contract from the US Department of Defense
2) our…
— xAI (@xai) July 14, 2025