ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи, затоа што такви се судските процедури. ДУИ намерно креира постојана атмосфера на етнички тензии тоа го прават кога ќе се соочат со предизвици и со проблеми заради криминал, а на тој начин сакаат да одвлечат внимание, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ креира намерно тензии не затоа што се грижат за правата на Албанците, туку затоа што сака да ги заштити криминалците во нивните редови како Артан Груби и останатите.
Самиот факт што Артан Груби се најде на црната листа ги извади на површина политичките криминалци од ДУИ и СДС, кои се борат за власт да прават криминал.
И шаторите со двајца без тројца на ДУИ пред Уставен беа само блед обид да ги манипулираат Албанците, кои ги лажат две децении.
ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби и неговото влијание и притисоци врз институциите.
Ставањето на Груби на црната листа покажува и колкаво влијание имала таа партија заедно со СДС врз судството и зошто довербата во истото е само 2%.
Знаејќи дека доаѓа време за одговорност и дека веќе не им поминуваат притисоците, ДУИ прави политички циркус. Тоа што никој не им оди на настаните, покажува дека народот ги прочитал“ потенцира во изјавата Петрушевски.
-Пред Уставен беа само неколку политички криминалци, кои мислеа дека ќе ги лажат Албанците кои со години се иселуваа исто како и Македонците, додека тие правеа милиони. Доаѓа време за одговорност, рече Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ.