Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола. Десетици милиони евра испумпаа фирми блиски до Заев од РЕК Битола. 7 години енергетскиот комбинат беше пустошен од СДС, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од милионскиот грабеж во РЕК Битола, доаде тој.
Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој е поништен од новото раководство во РЕК Битола е само еден од десетиците, каде фирми како Јавор Транс и други блиски до Заев испумпуваа милиони како подизведувачи, потенцира Петрушевски.
И додаде дека, Матните тендери во РЕК Битола, преку кои се испумпуваа милиони, резултираа со поскапа струја за народот.
-Венко Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажува ниту од криминалот во РЕК Битола и го прифаќа како политичко наследство со кое се гордее, изјави Бране Петрушевски.