Педесет и пет пациенти и натаму се лекуваат во болниците од земјава, сите се во стабилна состојба, а од утре дел од нив ќе бидат пуштени од болница. Министерот за здравство Таравари информираше дека пет пациенти кои се лекуваат во странските медицински центри се и натаму во критична состојба.
Дел се опоравуваат и кон крајот на следната недела се очекува да се вратат во земјава, за што веќе се подготвуваат и протоколите за враќање во координација со министерството за надворешни работи.
Во клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски се лекуваат десет пациенти. Директорот на клиниката информираше дека на шест пациенти кои имале потешки изгореници им е трансплантирана кожа.
Во меѓувреме се прават и подготовки и организација на здравствениот систем за фазата по преземање на пациентите од странство и продолжување со нивниот третман.