strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени
ПОЛИТИКА

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени

Објавено May 18, 2025 14:24
strana.mk
Сподели
Сподели

Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка женска структура, бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, изјави Жаклина Пешевска на 20 годишната конференција на УЖ.

Како што налага нашата мисија, Унијата на жени, цели 27 години ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамките на партијата, но и пошироко во македонското општество. Ја промовира и организира активноста на своите членки, развива политички дебати и политички стратегии со цел промоција на идеите на партијата во духот на демохристијанските вредности, со акцент на семејството и нашите деца, иднината на Македонија, истакана Пешевска.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Пешевска:

„Истрајноста во борбата за правата и интересите на жените е клучен двигател на општествените и политичките промени. Жените кои се активни во партиските структури и во поширокото општество ćе уште се соочуваат со бројни предизвици, но нивната упорност и визија овозможуваат создавање на стратегии кои ги надминуваат бариерите и отвораат простор за нивно суштинско учество.

Со искрено признание и благодарност ја упатувам својата почит кон моите претходнички, кои со својата храброст, решителност и посветеност ја градеа оваа Унија низ годините. Од нив научив дека вистинското лидерство не се мери по титули, туку по влијанието што го оставаш, по промените што ги создаваш, по луѓето што ги инспирираш, по вратите што ги отвораш, по врските што ги градиш и зацврстуваш секојдневно. Нивните совети, искуства и позитивни практики, кои ми ги пренесоа на почетокот на мојот мандат пред 5 години, ги имплементирав, ги унапредив и со тоа успеав да го дадам својот придонес кон зацврстување на унијата и нејзино подигнување на повисоко ниво, во и надвор од границите на Македонија, и тоа во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а светот се соочуваше со глобална здравствена криза.

Во време на опозиција, развивањето на политички стратегии е уште посложено, но токму тогаш ја покажавме нашата решителност низ градење алијанси, мобилизација на јавноста, артикулирање на нови политики и промовирање на вредностите што ги застапуваме. Па така, Унијата на жени бележи присуство на голем број настани, митинзи, верски прослави, вклучувајќи и верски собири од другите заедници, настани организирани од амбасади и меѓународни заедници, организира јавни настани и своја политичка академија, трибини во кои најголем дел сум била говорник, видео обраќања, гостувања во дебатни и информативни емисии, пуштање во употреба на објекти и увид во градежни работи. Со гордост можам да кажам дека од реализираните над 2000 активности само во 2024-тата година, 2/3 беа од хуманитарен карактер за кои Унијата на жени се стекна со признанија за нашиот придонес и учество во подобрување на општеството подеднакво за сите.

Млади меѓу младите, пензионерки меѓу пензионерите, политичарки, претприемачки, земјоделки и спортистки, докторки и хуманитарки; утеха за немоќните, надеж за болните, поткрепа за силните. Унијата на жени е модел, платформа за глобално женско лидерство. Преку унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот, каде докажуваме дека македонската жена има што да каже, што да направи и знаење да понуди. Во 2019та година, Унијата на жени, под водство на мојата претходничка и драга колешка Благица Ласовска, стана дел од големото европско семејство на женски унии во рамките на десните партии во Европа, а изминатата година, ја унапредивме соработаката меѓународна и бев назначена за потпретседателка и член на Извршниот одбор на Меѓународната женска демократска унија. И двете организации ги препознаа вредностите на Унијата на жени низ нашите активности, постигнати резултати и реализирани политики и во оваа прилика им се заблагодарувам на претседателката на ЕПП жени – Розалија Биро и претседателката на ИДУ жени – Софија Брамбила за нивните инспиративни пораки.

Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, тоа беше слоганот на минатата годишна Конференција кога бевме одлучни за промени. Промените се случија и сега сме повторно громогласни. Промени кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција и дадовме сериозен придонес кон издвојувањето на историската победа на парламентарните и претседателските избори изминатата година, кога ја добивме и првата жена претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Но, нашата работа тука не е завршена. Нашата истрајност не е само борба за правичност во партиските редови, туку е и стремеж кон поголема демократска застапеност, каде гласот на жените не само што се слуша, туку и активно влијае врз обликувањето на идните политички и општествени процеси. Не се залагаме за декларативна рамноправност, туку за суштинска, реална и заслужена. Жената не треба да биде почитувана по привилегија само затоа што е жена, туку преку својот труд, знаење, способности и квалификации. Не сме тука денес само затоа што сме жени, туку затоа што сме компетентни, стручни и подготвени за сите предизвици. Нашата вредност и придонес, не треба да се мери во квоти, туку во заслуги: во знаењето што го носиме, во енергијата што ја даваме, во визијата што ја градиме. Само така ќе изградиме општество каде секој има шанса според својата вредност, а Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде силата што ќе ги зајакне, модернизира и турка овие политики напред – за подобро законодавство, за вистинска поддршка, за можности што не се само зборови, туку дела, кои одговараат на вистинските потреби на општеството.

Семејството е темелот на општеството и игра клучна улога во демографските трендови, вклучително и наталитетот, миграцијата и структурата на населението. А политиките што го подржуваат семејството, како што се мерките за родителско отсуство, достапност на детска грижа, квалитетно образование, економско јакнење на жените преку нивно ангажирање на пазарот на трудот, политиките што ги охрабруваат младите да основаат семејство, како и економски олеснувања, меѓу кои се и 6-те обиди за вештачко оплодување на државен буџет, можат да ја поттикнат позитивната демографска динамика на Македонија и да обезбедат долгорочна стабилност, раст и развој.

Затоа, како Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ давам силна поддршка за донесување на Национална стратегија за демографија преку конкретни мерки кои ќе се однесуваат на поддршка на мајките и семејствата како целина.

Интегрираноста на жените во сите слоеви на општеството е клучна. Ние не треба да стоиме на периферијата, туку треба да бидеме активни учесници во креирањето политики, во водството, во промената на општеството.

Нашиот стил на лидерство не се мери само со одлуките кои ги носиме, туку со начинот на кој ги изнесуваме истите. Ја чувствуваме тежината на одлуките, но никогаш не се колебаме да ги донесеме. Нашиот пристап не се базира само на логика, туку и на емпатија. Нашата сила е безгранична. Знаеме дека понекогаш тишината е посилна од зборот, но знаеме и да бидеме громогласни во заштита на семејството, а со тоа и на нацијата.

Жената е пулсот на општеството – животот што тече низ семејството, заедницата и нацијата. Таа не само што ги носи предиспозициите да раѓа идни поколенија, туку и ги обликува нивните вредности, морал и духовна сила. Нејзината љубов како мајка го гради темелот на иднината, нејзината посветеност како професионалец придонесува за развојот на општеството, а нејзината визија како лидер инспирира промени што оставаат траен печат. Таа е чувар на традицијата, заштитник на нацијата и двигател на модернизацијата на општеството. Кога жената е почитувана и поддржана, општеството станува посилно, похумано и поодржливо.

Кога мажот и жената заеднички чекорат низ политиката, општеството добива рамнотежа, визија и сила. Нивната соработка носи различни перспективи, хуманост и решителност, создавајќи политики што ги одразуваат потребите на сите граѓани. Поддршката меѓу нив не е само лична, туку и симбол на единство, каде што компетентноста и посветеноста ја надминуваат секоја разлика. Кога политиката се гради врз заемно почитување и заеднички напори, нацијата напредува кон праведност, стабилност и инклузивност, обезбедувајќи иднина каде што секој има глас и место во општеството. Нема силен маж без силна жена, ниту успешна жена без маж кој бескомпромисно ја поддржува. Ние не сме спротивставени сили, туку партнери. Во животот, во семејството, во општеството. Поддршката не е слабост, туку основа за вистински напредок.

Би сакала сега да упатам јавна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Др. Христијан Мицкоски, кој постојано дава целосна и бескомпромисна поддршка на Унијата на жени. Како и до останатите колеги од партијата и до мојот тим.

Мојот говор, ќе го завршам со изразување на искрена почит и благодарност до моето семејство. Вие сте мојата најголема сила, потпора и мојот неисцрпен извор на храброст и истрајност кога најмногу ми се потребни. Би благодарам што ја разбирате тежината на мојата мисија и покрај сите предизвици кои ги пребродивме заедно како семејство, вие сте најголемата причина за која ќе продолжам да бидам громогласна за успешна и стабилна Македонија до крај. Драги мои, останете громогласни за Република Македонија, да сте ми живи и здрави и да ни е вечна Република Македонија“, изјави Пешевска.

TAGGED:жаклина пешевска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени
Следна статија Нагло зголемување на случаи на Ковид-19 во Хонг Конг и Сингапур

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите…

June 1, 2025
Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини

Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа…

May 31, 2025

ВРЕДИ: Димитар Апасиев ја потврди и бетонира коалицијата помеѓу Левица, ДУИ и Данела Арсовска

Димитар Апасиев даде јавна поддршка кон…

June 1, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

Интензивно се работи на трите автопатски…

June 1, 2025

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари

Педесет проценти од царините ќе бидат…

June 1, 2025

Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството…

June 1, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Коцевски требаше да му слугува на народот, не на СДС

Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет, изјави Бране Петрушевски, пратеник…

February 15, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши оцени дека граѓаните се иселуваат затоа што 34 години гледаат кршење на закони и криминал без казни

-Можеби главното што го очекуваат граѓаните е одговорност бидејќи во изминатите 34 години тоа е нешто на што најмногу потфрламе.…

November 9, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ бара да се прошири истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прашува до каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници. Опозициската партија…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и другите големи објекти, бара ЛДП

Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи…

March 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?