Пејсмејкерот на Џин Хекман престанал да работи девет дена пред да биде пронајдено неговото безживотно тело, потврдија властите.
„Извршена е првичната анализа на пејсмејкерот на Џин Хекман. Последен пат бил во функција на 17 февруари 2025 година. Информиран сум дека подеталната истрага ќе биде завршена наскоро“, рече шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза на прес-конференција.
Мендоза, исто така, рече дека не е откриен јаглерод моноксид во безживотните тела на Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава. Официјалната причина за смртта допрва треба да се утврди.
Портпаролот на канцеларијата на шерифот претходно изјави за Page Six дека не веруваат дека се случила некаква криминална активност, но дека ништо не е исклучено. Нивната смрт е класифицирана како сомнителна.
Двократниот оскаровец минатиот месец наполни 95 години. Неговиот последен филм е снимен во 2004 година. Оттогаш тој ретко се појавува во јавноста.
Потоа се преселил од Лос Анџелес во Ново Мексико. Одлуката да го напушти светот на филмот ја донел поради стрес и проблеми со срцето.