Едвај чекам да настапам во вашата прекрасна земја Македонија!, вели светски познатиот тенор Пласидо Домонго во својата видео порака до македонската публика.
Светската тенорска мега ѕвезда и еден од најголемите уметници на сите времиња, Пласидо Доминго, ни испрати ексклузивна видео-порака со лична покана за неговиот концерт во Скопје, каде што не го криеше своето воодушевување што за првпат ќе има можност да настапи пред македонската публика, велат организаторите.