Шест лица се полесно повредени на аеродромот во Палма де Мајорка за време на евакуацијата на патнички авион на авиокомпанијата „Рајанер“ поради мал пожар, пренесува ДПА.
Според извештаите на шпанските медиуми, авионот требало да полета за Манчестер кога избувнал пожарот, предизвикувајќи паника кај патниците. Капетанот го известил екипажот за пожар на моторот, по што биле отвоени вратите за итни случаи и патниците биле евакуирани. Во паника некои од нив скокнале од крилата на пистата и се повредиле.
Вкупно 18 лица се згрижени од службите за итни случаи, а шест се однесени во болница. Сите се со полесни повреди.