Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос, откако 24-часовното затворање на аеродромот Хитроу предизвика пренасочување на летови и десетици откажувања, пишува Дејли мејл.
Еден од најпрометните аеродроми во светот, кој опслужува повеќе од 200.000 патници дневно, беше принуден да се затвори во петокот, откако пожар во блиската трафостаница предизвика голем прекин на електричната енергија. Можете да видите слика во реално време од небото над Лондон на веб-страницата FlightRadar.
Американските патници кои требаше да слетаат на Хитроу во петокот навечер по локално време беа нагло пренасочени, според FlightRadar. Вкупно 120 авиони кои веќе беа во воздух беа пренасочени или вратени назад, а бројни летови беа одложени или откажани поради инцидентот.
Патниците од Сан Франциско, Јапонија и Перт во Австралија се најдоа во средината на хаосот, при што се проценува дека затворањето ќе влијае на 1.351 лет на Хитроу во текот на денот.
Тоа значи дека дури 145.000 патници би можеле да бидат погодени од затворањето, според податоците од компанијата за авијациска анализа Цириум. Причината за пожарот се уште не е позната.