Фудбалерите на Ливерпул синоќа во Париз го совладаа ПСЖ со 1-0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а херој на победата беше голманот на „црвените“ Алисон Бекер.
ПСЖ доминираше во текот на целиот натпревар, имаше 71 отсто посед и 27 удари кон голот на Ливерпул, но на крајот „црвените“ славеа со голот на Харви Елиот во 87. минута.
Сепак, херој на Ливерпул беше Алисон, кој сопре десет удари кон голот, од кои неколку беа чисти зицери.
Allison has to earn his spot back.pic.twitter.com/xtHDYymw5t
— 22🥇 (@Arneslot_Era) March 5, 2025