Попладнево избувна пожар во возот кој превезувал европратеници од Стразбур до Брисел поради што противпожарната и итната служба на францускиот град беа ставени во состојба на готовност, објави белгискиот сајт „Судинфо“.
Луѓето кои биле на железничката станица во Стразбур се евакуирани.
Портпаролот на Европскиот парламент, Емануел Фулон, на социјалната мрежа Х изјави дека дошло до експлозија, но дека причините не се познати.
Explosion ds la locomotive du train devant ramener les parlementaires européens et le personnel de #Strasbourg à #Bruxelles.
Origine encore inconnue.
Les passagers appelés à « se réfugier » ds le tunnel
Gare paralysée, pompiers appelés en urgence #explosion #ParlementEuropeen pic.twitter.com/9J0u3cQDT4
— Emmanuel Foulon (@efoulon1) October 10, 2024
Според него, станицата била блокирана и луѓето постепено биле изнесувани.
Европратеникот Пеле Герцен напиша на Х дека на станицата во Стразбур има многу пожарникари, но патниците добиле малку информации.
Според него, евакуацијата била хаотична бидејќи луѓето биле повикани да се евакуираат и да го остават багажот, но дури откако некои од патниците веќе ја напуштиле станицата со својот багаж.
Возовите до и од железничката станица во Стразбур се прекинати.