Пожар доцна вечерва избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели дека поради сериозноста на пожарот побарана е помош од околните општини.
Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени. Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти.