Во времето кога Џејмс Камерон го снимаше Терминаторот, кој беше во средината на 1980-тите, идејата дека машините и технологијата можат да станат интелигентни беше чиста научна фантастика. Во последните четири децении, технологијата радикално се подобри и го промени светот, носејќи ни неверојатен напредок, но и бројни потенцијални опасности
Оние малку постарите, а можеби и некои од помладите, веројатно го гледале Терминаторот, кој ни прикажува прилично апокалиптична иднина и катастрофално сценарио што може да се случи доколку роботите и вештачката интелигенција се свртат против луѓето. И додека тоа е само научна фантастика и приказ на иднината што се надеваме дека никогаш нема да се оствари, Камерон мисли дека реалноста може да биде – уште полоша.
Тој зборуваше за таква иднина на неодамнешниот состанок за роботиката и вештачката интелигенција, нагласувајќи дека општата вештачка интелигенција нема да доаѓа од програми кои ќе бидат финансирани и управувани од држави и влади, туку од технолошките гиганти кои моментално го финансираат и развиваат ова истражување., програма која тежи повеќе милијарди долари.