Милијардерот Џеф Безос наводно оставил бакшиш во вредност од 45.000 евра на персоналот на хотелот „Аман“ во Венеција, каде што престојувал за време на венчавката со сопругата Лорен Санчез, објави денес „Република“, повикувајќи се на извори.
Пред да го напушти хотелот со седум ѕвезди, Џеф Безос го оставил бакшишот со пораката „Чао, Венеција“.
Оваа сума не е вклучена во трите милиони евра што сопственикот на „Амазон“ ги донирал на Венеција, каде што се венча и покрај големите протести на граѓаните.
За потсетување, Безос и Санчез се венчаа кон крајот на минатиот месец, што го прославија со забави што траеја неколку дена, на кои присуствуваа над 200 ВИП гости, меѓу кои Леонардо Дикаприо, Орландо Блум, сестрите Кардашијан, Кети Пери, Опра Винфри и многу други.