Американскиот ланец на ресторани за брза храна „Вендис“ затвора 140 ресторани во следните неколку месеци, соопшти менаџментот на компанијата. Сепак, компанијата планира да отвори еднаков број нови локации на места за кои верува дека ќе генерираат подобри приходи.
Рестораните кои се планирани за затворање се, како што објасни извршниот директор на Венди, Кирк Танер, „застарени и лоцирани во области со слаби перформанси“, додавајќи дека нивната финансиска ефикасност е далеку под просекот на системот. Иако беше најавено затворањето, Танер не даде список со точните локации кои ќе престанат со работа и изјави дека тоа не е конкретен регион, пренесува CNN.
Оваа серија на затворање следи по претходните 100 затворања што Вендис ги објави во мај оваа година. Сепак, и покрај брановите на затворање, бројот на рестораните на Венди во САД, кои моментално брои околу 6.000, нема да се намали. Синџирот планира да изгради од 250 до 300 нови локации кои ќе се засноваат на технолошки напреден дизајн, претставен во 2022 година, со нови пикап прозорци, модернизирана опрема за кујна и освежен ентериер.
Други франшизи, како „Denny’s“ и „Shake Shack“, најавија затворање на нивните локации кои бележат послаби резултати.