Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е уапсен денеска во Брисел во врска со истрагата за увоз на кокаин од Јужна Америка во Европа!
Наводно, шверцот се вршел преку пристаништето Антверпен, а апсењето на Наинголан е дел од пошироката истрага за организиран криминал фокусиран на дистрибуцијата на кокаин во Белгија. Истрагата се уште е во тек, а обвинителот изјави дека во овој момент нема да се даваат дополнителни коментари, но ја нагласи презумпцијата на невиност.
Еден од деловните партнери на Наинголан, Ибрахим Ахмадун, претходно бил поврзан со шверц на кокаин, бидејќи е осуден во САД во 2016 година.
- Не мора цел живот да плаќате за грешките. Само затоа што сте направиле грешка во минатото, не значи дека треба да плаќате за тоа до крајот на животот. И тој е навистина добар во својата нова работа“, изјавил неодамна Раџа.
Наинголан во текот на својата кариера настапуваше за Каљари, Рома и Интер, со кои стана шампион на Италија во 2021 година, додека моментално е член на второлигашот Локерен, за кого викендов дебитираше и постигна гол.
Клубот преку медиумите дознава дека Раџа е уапсен.
- Бидејќи истрагата се уште е во тек, полициските служби не сакаат и не можат да дадат дополнителни коментари. Тие го почитуваат принципот на презумпција на невиност и ние како клуб се согласуваме со тоа. Можеме само да потврдиме дека играчот утрово не беше присутен на тренингот“, се вели во соопштението.