Неофицијално, денес Бирото за јавна безбедност, со останатите надлежни институции, почнале координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут, што ги загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
Како што објавивме приведен е Ратко Капушевски познат увозник на нафтени деривати. Неофицијално се дознава дека полицијата го „обезбедила“ приуството на Асмир Јахоски првиот човек на „Пуцко Петрол“.
Разоткриена е мрежа на увозници кои противзаконски испорачале некаков вид горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија, што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и на почвата.
Состојбата е аларманта со степенот на загаденост, а според извештаите на повеќе институции, неколку илјади граѓани годишно го губат својот живот. Токму загаденоста се смета како една од најголемите причини и за иселувањето.
Се работи за огромна сума околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивно договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива