Голем дел од Македонија рано изутринава од пет часот остана без струја. Електричната енергија беше во прекин речиси два часа.
Од ЕВН контакт центарот велат дека станува збор за голем дефект,
Струја немаше во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово. Дел од граѓаните на Скопје, рано утрово пријавуваат дека повторно имаат струја.
ЕВН во текот на денот се очекува да информира каков и од колкави размери е проблемот.
Граѓаните на социјалните медиуми го изразуваат својот гнев кон ЕВН во однос на прекинот. Велат дека можат да ја исклучат струјата кога сакаат, а сметките тешко се намалуваат.