Речиси 45% од возрасната популација во Македонија активно пуши, што претставува сериозна закана за јавното здравје а Македонија се соочува со алармантна здравствена и социјална криза поврзана со зависноста од никотин.
Според најновите објавени податоци, до 70% од адолесцентите во Македонија пробале цигари барем еднаш, а најмладиот регистриран пушач имал само 10 години.
Овие податоци ја рангираат земјата меѓу земјите со највисока стапка на зависност од тутун во Европа.
Специјалистот по пневмологија, д-р Тодоровски, предупредува дека никотинот предизвикува силна психолошка и физичка зависност.
„Ракот на белите дробови, хроничните респираторни заболувања, па дури и ракот на дигестивниот систем – сите овие се реални последици од долготрајната изложеност на чад од тутун“, нагласува тој.
Експертите повикуваат на зголемена свест, рестриктивни мерки за продажба на тутунски производи и интензивирани кампањи во училиштата, бидејќи како што велат, секоја запалена цигара е еден чекор поблиску до сериозно нарушено здравје.