strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Поранешен агент на ФБИ тврди: Коронавирусот излегол од лабораторијата во Вухан
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Поранешен агент на ФБИ тврди: Коронавирусот излегол од лабораторијата во Вухан
ЗДРАВЈЕ

Поранешен агент на ФБИ тврди: Коронавирусот излегол од лабораторијата во Вухан

Објавено December 28, 2024 19:53
strana.mk
Сподели
Сподели

Џејсон Банан, доктор по микробиологија и поранешен висок научник во ФБИ, изјави за дека ФБИ утврдил оти вирусот Ковид-19, причината за глобалната пандемија која уби најмалку седум милиони луѓе, најверојатно потекнува од протекување од лабораторија во Вухан, Кина.

Банан рече дека на ФБИ не му било дозволено да го пријави ова на претседателот Џо Бајден.

Вирусот избега од лабораторијата“, вели Банан.

Во мај 2021 година, Бајден нареди итна истрага од страна на американските разузнавачки агенции и националните лаборатории за да се утврди дали вирусот бил пренесен од животни на луѓе или излегол од кинеска лабораторија. Една од најпопуларните теории во тоа време беше дека вирусот се пренесувал од лилјаци на пазар во Вухан, каде што вирусот првпат се појавил во 2019 година.

Националниот разузнавачки совет, телото на високи разузнавачи што го организираше прегледот, заклучи дека Ковид-19 се пренесува од животни на луѓе, а истото го заклучија уште четири разузнавачки агенции. Но, не и ФБИ.

ФБИ не само што заклучи дека е веројатно притекување на вирусот од лабораторијата, туку има и умерена доверба во нејзината проценка, повеќе од која било друга агенција, и тие очекуваа дека ќе можат да го претстават случајот пред Белата куќа, но ниту еден од претставниците на агенцијата не бил повикан да го стори тоа“, пренесува „Волстрит журнал“.

„Како единствена агенција што ја оцени лабораториската теорија како поверојатна и агенција која изрази највисоко ниво на доверба во нејзината анализа за изворот на пандемијата, очекувавме од ФБИ да биде побарано да присуствува на брифингот за разузнавање во Белата куќа“, рече Банан, додавајќи дека тие не биле поканети за да го информираат американскиот претседател за тоа.

Бајден не ни се јави и тоа беше изненадување“, рече Банан.

Заклучокот од 2021 година беше дека би било тешко да се потврди потеклото без соработката на Кина. Единствената соработка на Кина досега е заедничкиот извештај со Светската здравствена организација (СЗО) во 2021 година, во кој се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно.

Сепак, неколку американски функционери, исто така, се сомневаат дека „Ковид“ протекол од Институтот за вирологија во Вухан, каде што работеле научници кои генетски модифицирале коронавируси, според декласифицираните документи на американската влада.

Тројца научници од Националниот центар за медицинско разузнавање, дел од Одбранбената разузнавачка агенција на Пентагон (ДИА), спроведоа научна студија која заклучи дека Ковид-19 бил манипулиран во лабораторија во ризично истражувачко опкружување.

Џон Хардам, Роберт Катлип и Жан-Пол Кретјен спроведоа геномска анализа која заклучи дека сегментот кој му дозволува на вирусот да навлезе во човечките клетки е конструиран со помош на техники развиени во лабораторија во Вухан, опишани во кинески научен труд од 2008 година.

Сепак, врвната ДИА ја отфрли таа студија и, како и сите други агенции освен ФБИ, се согласи дека вирусот преминал од животни на луѓе, иако тоа не може да се смета за конечен заклучок.

Портпаролката на канцеларијата на ДНИ рече дека различните гледишта се добро застапени во разузнавачката заедница и дека не е стандардна практика да се покануваат претставници од поединечни агенции на брифинзи за претседателот. Работата на канцелариите на ДНИ и НИЦ за потеклото на Ковид-19 беше конзистентна со сите аналитички стандарди на разузнавачката заедница, вклучително и објективноста, рече портпаролката.

Банан му се придружи на ФБИ како дел од напорите на агенцијата да ја зајакне својата експертиза во бактериско оружје, токсини и биолошка војна по нападите на 11 септември 2001 година, и оттогаш се пензионираше. Банан повикува на преиспитување на доказите што ја поддржуваат теоријата за истекување на лабораторија.

Она што заврши како заклучок на разузнавачката заедница мора да се преиспита“, рече тој.

Повеќе од три години дебатата за потеклото на Ковид останува силна и продолжува меѓу американските агенции и оддели и во Конгресот, каде што се повикуваат сведоци да изнесат докази.

TAGGED:вирусвуханковидлабораторијафби
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Судот му одреди мерки на претпазливост на Јован Деспотовски
Следна статија Сиљановска-Давкова и Филков: Потребен е нов Закон за помилување

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Krypto Gewinne man sagt, sie seien eigens direkt bearbeitet unter anderem einschweben mehrfach irgendwas im innern weniger Stunden hinein Deiner Budget

Dasjenige Tiki Kasino wird volltreffer fur…

March 5, 2026

Wie essentiell sei parece, selbige Umsatzanforderungen nach gebacken kriegen, denn die Deren Bonusstrategie sehr fallen im stande sein

Welches Begriffsvermogen der Ablaufdetails bei Spielsalon-Boni…

March 5, 2026

N1 Kasino bietet den Are living-Casino-Vermittlungsgebuhr durch 100 % so weit wie 100000 �

Die Mindesteinzahlung zu handen folgenden Maklercourtage…

March 5, 2026

Fejlett technikák a kaszinózásban Hogyan nyerhetünk wildsino casino

Fejlett technikák a kaszinózásban Hogyan nyerhetünk…

March 5, 2026

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела

Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Република Македонија се пријавени 139 случаи…

December 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

Луѓето со оваа крвна група стареат побавно

Резултатите од новото истражување сугерираат дека луѓето со крвна група Б може да стареат побавно, што отвора многу прашања за…

May 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на масовните пожари кошто горат околу Скопје, но и…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто некои забрзано стареат?

Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени…

November 26, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?