strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија
ЗДРАВЈЕ

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Објавено July 14, 2025 12:07
strana.mk
Сподели
Сподели

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“.  Гроздановска се осврна на дигитализацијата, модернизацијата на шалтерското работење и истакна дека во институтот направени се големи исчекори во унапредување на здравствените услуги. Таа нагласи дека има подобрена ефикасност, прецизност, а бројот на пациенти кои дневно добиваат услуга е зголемен од 400 на 900.

,,Институтот за Клиничка биохемија се занимава со биохемиски анализи. Освен со стручна и професионална работа се занимава како терцијална установа и со научно истражувачка работа. се едуцираат кадри, здравствени кадри почнувајќи од средно медицински кадар до доктори коишто завршуваат медицински факултети, специјалисти и субспецијалисти “, рече  Гроздановска.

Таа изјави дека, имајќи предвид дека е вработена во институтот од 2011 година, многу добро ја познава внатрешната состојба и предизвиците со кои се соочува институцијата. Гроздановска истакна дека по нејзиното назначување за директор, бил формиран тим кој направил сеопфатна анализа на целокупната ситуација, а проблемите биле систематизирани според приоритет и биле одредени временски рокови за нивно решавање.

,,На почеток најголем проблем ни беше гужвата пред самиот институт, голем број на пациенти којшто чекаа да ја добијат својата услуга а ние бевме малку побавни. Проблемот беше што системот на шалтерското работење беше застарен со викање на пациентите. Тоа многу брзо и лесно се реши со мали интервенции без да чини многу пари“, вели Гроздановска.

Гроздановска истакна дека е воведен дигитализиран систем со бројчиња и монитори, зголемен е бројот на шалтери и се користат бар-код скенери за побрз прием.

,,Воведовме дигитализиран систем со бројчиња, со монитори на коишто пациентите си го гледаат бројчето и гледаат на кој шалтер треба да се пријават. Го зголемивме бројот на шалтери кои што ги примаат пациентите. И истовремено воведовме бар код скенери, читачи коишто го читаат бар кодот кој што го има на самиот упат. Претходно шалтерските работниците внесуваа таму. Со скенирање на баркодот кој што го има на самиот упат, за две секунди се преземаат од нашиот лабораториски информативен систем сите податоци од Мој термин за потребните анализи и за пациентот. Многу се скрати времето на чекање. Ако порано чекаше два часа, пациентите за да дојдат воопшто на шалтерот, сега не се чека повеќе од 15 минути“, кажа Гроздановска

Таа нагласи дека лабораториските анализи не се евтини, па затоа е важно што повеќе пациенти да добијат услуги во државните институции, каде што секој месец придонесуваат преку здравственото осигурување. Гроздановска потенцираше дека, благодарение на дигитализацијата, бројот на пациенти што добиваат услуга пораснал од 400 на речиси 900 дневно, што, според неа, претставува значителен напредок.

,,Институтот како државна установа има задача што повеќе пациенти да си ги добијат услугите за коишто секој  месец плаќаат. Со ваквата дигитализација, неспоредбено е 400 до близу 900 пациенти на де да добијат услуга. Мислам дека е голема разлика“, истакна Гроздановска.

Гроздановска посочи дека вториот голем проблем бил застарената опрема и анализаторите, кои често се расипувале и барале сервисирање, што создавало дополнителни потешкотии и за персоналот и за пациентите. Таа нагласи дека веднаш започнала преговори за нивна замена, и во моментов Институтот располага со најнова генерација апарати.

,,Во моментов имаме комплетно сменети апарати, анализатори коишто се најнова генерација од таквите. Повеќето ги нема во Македонија, а ги нема и во блиската околина. Во моментов инсталираме, т.н интегрирани системи. Сега ние користиме интегрирани системи, двата се споени во еден, биохемискиот  и имунолошкиот. Се намалува во трошењето на епрувети и се намалува времето за изработка на потребната анализа, значи резултатот ќе го добиеме многу подобро. Анализаторите се последна генерација во медицинската биохемија тоа значи дека и резултатите се многу попрецизни многу побрзо време се добиваат. Во моментов сега инсталираме комплетно автоматизиран систем. Таков автоматизиран систем нема на Балканот“,, заклучи Гроздановска. 

TAGGED:Институт за биохемијаНиколина Гроздановска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ВЕЧЕРА НА СМЕТКА НА ДРЖАВАТА Секој Јужнојокореец ќе добие по 100 евра за да ги потроши во ресторан
Следна статија Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ…

July 14, 2025
Дали во лето треба да земате витамин Д?

Летото е идеално време за поминување на време на отворено и природно…

July 13, 2025

Меѓународна потерница за осомничениот за убиството на армискиот офицер во Батинци

Муса Џавит кој минатата недела уби…

July 15, 2025

Министер на Путин во воен авион возел актрактивна љубовница- скандал го тресе Кремљ (ВИДЕО)

Нов скандал го потресе Кремљ откако…

July 15, 2025

Јамал може да заврши на суд оти на 18. роденден повикал џуџиња да ги забавуваат гостите

Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал минатиот викенд…

July 15, 2025

Хаос во Турција: Британски туристи добија ќотек во Мармарис- не ја платиле сметката (ВИДЕО)

Снимката ја прикажува групата, вклучувајќи жени,…

July 15, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Првпат мајка на 61 година – на Гинекологоја се породи највозрасната прворотка

Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје Директорката на Клиниката…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Доктор Оз измисли чудотворен пијалок: изгубете 7 килограми за само 3 дена

Докторот Мехмет Оз, по потекло од Турција, стана познат по својот план за детоксикација, според кој можете да изгубите до…

May 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Професоре Чибишев, како би ја оцениле состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, особено во Скопје? За жал, ситуацијата е…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Правилото од 21 секунда може да открие колку сте здрави

Колку често броите колку време ви е потребно за нужда кога одите во тоалет? Веројатно никогаш - но според една…

July 13, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?