Последното Моцарт топче, чоколадо од 17,1 грама со јадро од марципан, ф’стаци и нугат, беше произведено на 5 декември, со што се означи крајот на ерата која траеше 127 години.
Празни подови и производствени хали, празни ходници, машини кои не работат со години – се е покриено со слој прашина и придружено со мирис на разделба, пишува Куриер.ат
Фабриката во Гредиг, каде што компанијата „Салцбург чоколадо“ го произведуваше „Реал Салцбург Моцарткугелн“, ќе биде засекогаш затворена.
Сопственикот на сите права на овој симбол на австриската традиција, корпорацијата Mondelez, го прекина производството во Австрија. Планот е производството да се пресели во Полска или Чешка, но деталите остануваат нејасни.
Во јуни, по турбулентните претходни години, беше најавен конечниот крај на работата на компанијата.
Затворањето на фабриката предизвика незадоволство кај работниците и кај локалната заедница. Бројот на работници е намален од 160 на 40 вработени, а останатите до крајот на годинава ќе си заминат од работа.
Компанијата не закрепна од 2021 година, кога банкротираше поради растот на цените на суровините, енергијата и горивото.