strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста

Објавено February 8, 2025 08:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Имплементирање на системот „безбеден град“, парична и затворска казна за „безобѕирно возење“, одземање на возилата, тестови за дрога на лице место, автоматско евидентирање на нерегистрираните возила, поврзување на системите на МВР, судовите и обвинителствата за брзи санкции… но и семејството, како што е фактор на превенција, е и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти, бидејќи општата некултура, се рефлектира и во сообраќајот.

Ова се дел од пораките од јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот, што се одржа вчера во Собранието во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во расправата учествуваа претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, судии, јавни обвинители, невладини организации, медиуми и останати општествени чинители. Не се вклучија пратеници, а нејзино продолжение на кое ќе бидат посочени заклучоци ќе биде дополнително закажано.

Министерот за правда Игор Филков, информираше дека министерствата за правда, за внатрешни работи, – судии од Одделот за прекршоци во Кривичниот суд Скопје и универзитетски професори, работат на интензивна имплементација на новите законски измени во Законот за прекршоците како и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во контекст на овој процес, формирана е работна група за дополнување на законските решенија, со посебен фокус на намалување на бројот на сообраќајни незгоди. 

– Новите измени и дополнувања во Закон за прекршоци ќе вклучуваат: Посебна постапка за прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата која ќе се однесува на прекршоците кои се детектирани преку електронски системи, како што е системот „безбеден град“ (safe city). Овој систем ќе овозможи брзо и точно утврдување на прекршоците, со што ќе се намали бројот на несреќи и ќе се обезбеди побрза реакција на властите. Со оваа новина се предвидува кратки рокови за постапување пред судот, што ќе го забрза процесот на правдата, најави министерот за правда.

За сторители кои по трет пат ќе се најдат на суд, а во случај на сериозни прекршувања, како што се возење под дејство на алкохол или прекумерна брзина, судот, вели тој, ќе изрече санкција која подразбира престанок на важење на возачката дозвола. Ова ќе значи дека возачот нема да може да стекне нова возачка дозвола додека не помине една година од правосилноста на пресудата. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, нагласи дека случајот со Фросина Кулакова не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи.

Еден од проблемите во сообраќајната безбедност е огромниот расчекор помеѓу бројот на пријавени и осудени прекршители. Овој систем на компромиси и полу правда мора да биде разбиен и да се воведе систем на ефективна контрола и строги санкции, особено за рецидивистите.

– За тоа е потребна институционална вмреженост која овозможува навремена и ефикасна размена на податоци. Токму затоа како Влада работиме на итна дигитализација и интероперабилност на системите за сите податоци да бидат автоматски достапни на институциите за да не може никој да избега од одговорност. Ова не е само административна промена туку суштинска реформа што ќе донесе вистинска ефикасност и транспарентност на системот. Но ако сакаме вистина ефикасност треба да погледнеме и во себе. Да се запрашаме колкумина од нас седнуваат зад волан после испиени неколку чашки алкохол. Колкумина возат побрзо од дозволеното, колкумина даваат на гас кога ќе светне жолто светло на семафорот наместо да кочат, колку татковци гордо се фалат дека нивните синови научиле да возат автомобил пред да положат возачки испит, колкумина од нас кога ќе направат прекршок прво бараат пријател кој ќе им ја скине казната, вели министерот.

Фокусот не смее да биде само на законите, на заострување на казните туку во градење на систем кој како што рече, ќе овозможи конкретно елиминирање на неказнивоста. Тој нагласи дека е потребно да се обезбеди дека санкциите се спроведуваат доследно и континуирано, а не само периодично при засилени акции на МВР кога е зголемен фокусот на јавноста, што може да се постигне со дигитализација и автоматизација.

Републичкиот совет за безбедност, како што посочи нејзиниот претседател Горан Ангелковски, водејќи се од статистичките податоци за бројот на случени сообраќајни незгоди, причините и последиците од нив, смета дека е потребна зајакнување на казнената регулатива, воведување на негативни бодови за потешки прекршоци кои ќе се изрекуваат кумулативно а не како замена за изречената глоба, зголемување на ефикасноста на казнените постапки, имплементирање на системот „безбеден град“, намалување на влијанието на човечкиот фактор при одлучување за прекршоците како и забрзување на казнената постапка. 

– Одредени потешки случаи од областа на сообраќајот треба да се предвидат како кривични дела, пред се, брзото возење над 70 км во населени места, или над 100 км надвор од населените места, управувањето под дејство на алкохол над 2 промили, или под дејство на дроги, без положен сообраќаен испит и други потешки случаи како и заострување на казнената политика за непочитување на ограничувањето на брзината на места каде што имаме определени зони на смирен сообраќај, рече Ангелковски. За вакви дела, тие предлагаат, времено или трајно одземање на возило како предмет на вршење на кривичното дело. 

Семејството e основата на превенцијата за безбедност во сообраќајот, вели професорката на правниот факултет Гордана Лажетиќ, која денеска зборуваше на јавната расправа. Според неа, од анализата што ја правеле семејството е фактор на превенција, но и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти. Општата некултура, посочува таа, се рефлектира и во некултура и во сообраќајот. Во однос на институционалниот проблем Лажетиќ смета дека треба да се направи контрола на авто школите и техничките прегледи на возилата, а посочува и на проблемот што кај нас го има со јавниот транспорт што би го користеле лицата што немаат дозволи.

Дека сообраќајната култура се учи од мали нозе во семејството и во градинките смета и директорката на Психијатриската болница Славица Арсова. Таа смета дека проблемите се системски, но нагласува дека и покрај тоа што се зборува за подобрување на системот, доколку луѓето, кои се дел од тој систем, не ги применуваат законите како што треба, системот нема да профункционира и насилството пак ќе дојде. Освен зголемување на сообраќајните несреќи таа укажува и на зголемен број на случаи на насилство во семејствата, меѓу партнерите… Покрај алкохол, вели таа, се конзумираат и дроги кои кај нас можат евтино да се најдат, па, насилството не се случува само кога некој е под дејство на алкохол. Арсова нагласува дека со превенција, учење на безбедносна култура и ненасилство децата се учат од мали, уште од градинката. Но, родителите се тие кои ги праќаат клучните пораки.    

Иницијативата за јавната расправа следува по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишна девојка од Неготино која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје. На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

TAGGED:Безбедностсообраќај
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Основачот на Телеграм „заглави“ во Франција без судење уште најмалку една година
Следна статија Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Discover the thrill of winning big with Unknown casino games

Discover the thrill of winning big…

March 4, 2026

Unlocking the secrets of winning at casinos with Unknown

Unlocking the secrets of winning at…

March 4, 2026

Unlocking the secrets of successful gambling strategies at Unknown

Unlocking the secrets of successful gambling…

March 4, 2026

Unlocking the secrets of casino gaming success with Unknown

Unlocking the secrets of casino gaming…

March 4, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување од Владата стигна до Коцевски

Државниот обвинител Љубомир Коцевски денеска од Советот на јавни обвинители го добил предлогот за разрешување од Владата. – До Јавниот…

March 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈАНАЈНОВИ

Дванаесет деца и 31 возрасен побарале помош поради вдишан чад во денешниот пожар во Чаир

Во голем пожар кој избувна во скопски Чаир, повеќе од триесет лица побарале лекарска помош, а од кои повеќето се…

October 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот

Обврската за Македонија за впишување на Бугарите во Уставот останува. Ова е ставот на, Марта Кос, која попладнево ја доби…

November 7, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?