Легендарната R&B пејачка Роберта Флек, позната по безвременските хитови „Killing Me Softly With His Song“ и „The First Time Ever I Saw Your Face“, почина на 88-годишна возраст.
„Со скршено срце објавуваме дека убавата Роберта Флек почина утрово, на 24 февруари 2025 година. Почина мирно, опкружена со семејството. Роберта ги поместуваше границите и соборуваше рекорди. Таа беше и горда воспитувачка“, се вели во соопштението на нејзините претставници, пренесува Variety.
Во 2022 година, пејачката откри дека боледува од АЛС (Амиотрофична латерална склероза), позната и како болест на Лу Гериг, што ја принуди да се повлече од музичката сцена.
Нејзината песна „The First Time Ever I Saw Your Face“ стана хит откако беше вклучена во филмот на Клинт Иствуд од 1971 година. Во текот на својата кариера, Флек освои пет Греми награди, како и награда за животно дело во 2020 година.