Почина 27-годишниот Л.Ш од село Ѓермо тетовско откако пред 3 дена падна од градилишето „Треска“ во Центар. Младото момче се здобило со тешки повреди при што било пренесено на скопските Клиники. МВР овој случај го имаше забележано и во билтенот.
„На 02.11.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот, при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од с.Ѓермо, тетовско. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.30 часот починал“, се вели во соопштението на МВР.
Од полцијата додаваат дека бил извршенувид од увидна екипа од СВР Скопје, бил известен трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.