strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница
ЗДРАВЈЕ

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница

Објавено June 14, 2025 10:08
strana.mk
Сподели
Сподели

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови за третман и лекување на повредените во пожарот во клубот „Пулс“.

Според најавите, реконструкцијата треба да заврши за неполн месец, а со градежните активности ќе бидат опфатени и одделенијата за хирургија, гинекологија и неврологија.

Ќе се реновира нова просторија за ласертерапија, електротерапија и магнетна терапија. Исто така, ќе се набават нови апарати коишто ќе бидат мултифункционални со што ќе може да се обавува комплетната терапија на еден пациент. Ќе се направи подобар пристап, а ќе се реконструираат и тоалетите, истакна д-р Катерина Мирчовска, в.д. директорка на Општата болница – Кочани.

Во одморалиштето на МВР на Поникава од средината на идната недела ќе биде згрижена првата група повредени пациенти, каде физикална терапија ќе добиваат 45 пациенти. Според направената евалуација, најголем дел од нив се во првата група.

Предвидено е да се вклучи работна терапија и различни типови на вежби за зајакнување на целокупната мускулатура. Тоа не е само кај онаа што е погодена од изгореници, затоа што голем дел од пациентите поминале долго време во болница во иста позиција, па потребно им е да зајакнат комплетно додаде Мирчовска.

Повредените од пожарот кои се рехабилитираат во кочанската Општа болница како и во Клиничката болница во Штип се во добра здравствена состојба. Според најавите од здружението SupportKocani се очекува на 16 јуни да пристигне компресивна облека за повредените кои имаат изгореници по рацете, нозете, лицето, вратот и грбот.

TAGGED:болницакочаниреконструкција
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав
Следна статија Мицкоски на настанот „Од нива до трпеза“ – промоција на традиционалната македонска храна и руралниот туризам

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Приведени две лица поради напад на обезбедувањето на болницата „8 Септември“

Двајца мажи од Скопје, на возраст од 44 и 50 години, се уапсени откако во средата попладне предизвикале инцидент и…

July 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдила нов случај на вирусот Х5Н1 (птичји грип) кај пцовисана дива птица – гуска,…

October 31, 2024
БАЛКАН

Од регистарот „исчезна“ градежната дозвола за реконструкција на станицата во Нови Сад

Зоран Ѓајиќ, кој до март 2023 година работеше како надзорник на реконструкцијата на зградата на Железничката станица во Нови Сад,…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на…

June 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?