Средбата помеѓу лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, започна во 14 часот. Христијан Мицкоски и Венко Филипче ќе разговараат на различни теми.
Согласно најавите, Венко Филипче ќе му го образложи планот за долгорочна страгегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.
Филипче најави уште минатата недела дека ќе иницира средба, а премиерот ја прифати.
После средбата, се очекува да има прес-конференција од двајцата.