По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна телевизија А1.
Рамковски бил екстрадиран уште во јули. Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка за „Слободен печат“ потврди дека Рамковски е во затвор и дека уште е во тек повторениот судски процес за него.
„Хеди Велија Рамковски роден 20. 07 1974г суден во отсуство 7 години по член 394 (злосторничко здружување), член 273 ( перење пари), член 279 (даночно затајување). Казната започнува да ја издржува во КПД Идризово од 04. 07 2024 година. По повторување на постапка му е определен притвор и е донесен во КПУ Затвор Скопје на 26. 07. 2024 година“, вели Утковски за „Слободен печат“.
Рамковски избега од Македонија веднаш откако се отвори истрагата за случајот „Пајажина“. Велија ја одлежа казната затвор и е на слобода.