Наталија Киселова од БСП собра 140 гласа за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија, 98 беа против, пренесе БГНЕС.
Тошко Јорданов од ИТН побара прегласување., но во последователното прегласување, Наталија Киселова беше избрана за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија. Ја поддржаа 68 пратеници од ГЕРБ-СДС, 35 од ПП-ДБ, 34 од „Вазраждане“ гласаа „против“. Против беа и 29 пратеници од ДПС-Нов почеток. Поддршка на Киселова дадоа сите 18 пратеници од БСП. 19 од АПС – исто така гласаа „за“, ИТН беа против, МЕХ – исто така против.
Својата кандидатура на гласање ја достави и Силви Кирилов за кој „за“ гласаа 98 пратеници, „против“ 119, воздржани 17.
Веднаш по изборите Киселова се заблагодари и на оние кои ја поддржаа и на оние кои не ја поддржаа. Таа изјави дека ќе биде претседател за сите.